
Претходно со вакцина против новиот грип се вакцинираа 850 лица од ризичните групи и медицинскиот персонал.
Според епидемилогот од Центарот за јавно здравје, доктор Јадранка Стаменковска, вакцинацијата за децата од предучилишна и училишна возраст ќе се врши во Здравствениот дом, додека за возрасните лица ќе се реализира во Центарот за јавно здравје.
На инфективното одделение во Куманово од грип моментно се лекуваат 16 лица со потешка клиничка слика.



















