
Во Мексико биле регистрирани 590 заболени, од нив 25 починале. Во САД со лабораториски наоди е потврдено дека 286 луѓе го имаат вирусот Х1Н1, еден умрел.
САД се наоѓа на прво место каде се откриени најголем број на новозаболени, покрај Канада и Шпанија. Португалија со еден заразен им се придружила на земјите каде е регистрирано заболувањето, но, нема починати.
Во Канада има 140 заболени, Шпанија 54, во Велика Британија ги има 18, Германија осум, два помалку има Нов Зеланд и по четири случаи во Франција и Израел. Салвадор и Италија имаат по два, додека Хонг Конг, Колумбија, Костарика, Холандија, Данска, Португалија, Јужна Кореја, Ирска и Швајцарија со по еден заболен.
Како што пренесува "Танјуг" научниот комитет на Светската здравствена организација денеска ќе се состане во Женева за да поразговара за еволуцијата на вирусот.
Останува отворено прашањето дали СЗО ќе го подигне степенот на опасност на највисоко шесто ниво и ќе прогласи пандемија. Со ова ќе биде активиран вонредниот план за одбрана во борбата против новиот вирус Х1Н1, познат под името мексикански грип.


















