На 5-ти Јуни 2009г. премиерно се прикажа документарниот филм ДОМ (HOME) паралелно со одбележувањето на Светскиот ден за заштита на околината.За само 200.000 години човекот ја поремети осетливата Земјина рамнотежа која постои 4 милијарди години. Глобалното затоплување, загрозувањето на видовите, намалувањето на енергенсите: човекот ги загрозува сопствените животни услови.

До крајот на векот неуморното трошење ќе ги исцрпи сите природни извори. Но прекасно е за песимизам. Имаме вкупно само десет години за да го смениме трендот. Мораме да станеме свесни за својата безобѕирна експлоатација на земјините дарови и да го смениме начинот на живот.
Со голема збирка на досега необјавени фотографии од 50 земји, снимени од воздух како и со своето воодушевување, но и загриженост, Јан Артус-Бертранд (Yann Arthus-Bertrand) придонесува кон она што би требале сите заедно да го правиме. Не води на сензационално патување над Земјата и открива еден невообичаен портрет на нашата планета. Таа е тешко болна, но има и нова иднина ако се одлучиме заеднички да ја напишеме.
Кога фотографот Јан Артус-Бертранд ги запознава продуцентите Денис Карот (Denis Carot) и Франсоа-Хенри Пино (François-Henry Pinault), договараат проект за зачувување на околината и го снимаат документарниот филм ДОМ (HOME).
На Светскиот ден за зачувување на животната средина, 5 Јуни 2009г. ДОМ (HOME) ќе биде првиот филм кој истовремено ќе се прикаже на сите медиуми (кино, телевизија, ДВД и интернет) на сите пет континенти. Во потполност е снимен од воздух. Сниман е во 54 земји на 120 локации а сниман е 217 дена во 18 месеци. Ќе биде прикажан во 90 земји и преведен на најмалку 14 јазици. Целата заработка продуцентите ќе ја уплатат на сметката на фондацијата на Јан Артус-Бертранд - GoodPlanet.
Светскиот ден за зачувување на животната средина промовира свесност за нејзино зачувување. Прогласен е од Обединетите Нации на конференција во 1972 година. Мексико е годинешниот домаќин на меѓународната прослава под слоганот: Твојата планета има потреба од тебе - заедно во борба против климатските промени.
Продуцент: Денис Карот (Denis Carot) и Лук Бесон (Luc Besson)
Режисер: Јан Артус-Бертранд (Yann Arthus-Bertrand)
Линк до официјалната страница на проектот: http://www.home-2009.com
YouTube: http://www.youtube.com/homeproject
Wikipedia: http://en.wikipedia.org/wiki/Home_(documentary)
Официјална страница на фондацијата: http://www.goodplanet.info
Самиот филм со превод на англиски јазик:



















