Светскиот марш ќе почне на Нов Зеланд на 2ри Октомври 2009 година, на годишнината на Гандиевото раѓање, прогласено како „Светски ден на Не-насилство“ од страна на Обединетите Нации. Ќе заврши во планините Анди (Пунта де Вакас, Аконкагва, Аргентина) на 2ри Јануари, 2010. Маршот ќе трае 90 дена, три долги месеци патување. Ќе помине низ сите климатски појаси и временски сезони, од врело лето на тропикот и пустините, до зимата на Сибир. Американскиот и Азискиот дел од Маршот ќе бидат најдолги, и двата ќе траат по скоро цел месец. Постојаната база од стотина луѓе од различни националности ќе го заврши патувањето.
Зошто
Поради тоа што ние можеме да го запреме светскиот глад со 10% од тоа што се троши на оружје. Замислете каков би бил животот ако 30-50% од буџетот за оружје се пренаменат за подобрување на човековиот живот наместо да се користат за уништување.
Поради тоа што елиминирањето на војните и насилството значат оставање на човековата преисторија позади нас и правење на огромен чекор напред во еволуцијата на нашиот вид.
Поради тоа што во овој стремеж ние сме придружени со силата на гласовите на стотици предходни генерации кои страдале од последиците на војните, чие ехо продолжува да биде слушано и денес во сите оние места каде што продолжува да остава злокобна трага на убиени, исчезнати, осакатени, бегалци и преселени луѓе.
Поради тоа што „свет без војни“ е слика која ја отвара иднината и бара да стане реалност во секој агол на планетата, така што насилството ќе му даде можност на дијалогот.
Моментот е дојден за безгласните да бидат слушнати! Поради агонизирачка и итна потреба, милиони човечки суштества гласно бараат за крај на војните и насилството.
Ние можеме да го оствариме ова со здружување на силите на пацифизмот и активното не-насилство ширум светот.
Кога
Светскиот Марш ќе започне на Нов Зеланд на 2ри Октомври, 2009 година, на годишнината на Гандиевото раѓање, прогласено како „Светски ден на Ненасилство“ од страна на Обединетите Нации. Ќе заврши во планините Анди (Пунта де Вакас, Аконкагва, Аргентина) на 2ри Јануари, 2010. Маршот ќе трае 90 дена, три долги месеци патување. Ќе помине низ сите климатски појаси и временски сезони, од врело лето на тропикот и пустините, до зимата на Сибир.
Кој ќе учествува
Маршот е започнат од „Свет без Војни“ - меѓународна организација создадена од Хуманистичко Движење - што работи веќе 15 години на полето на пацифизмот и не-насилството.
Светскиот Марш, во секој случај, ќе биде креиран и обликуван од сите. Отворен е за секој поединец, организација, колектив, група, политичка партија, бизнис итн. кој ги дели истите аспирации и сензибилност, овој проект не е нешто што е затворено. Наместо тоа, ова е патување кое што ќе биде збогатувано прогресивно со тоа што различните иницијативи ќе даваат придонес во движење.
Поради тоа ова е покана до секој и за сите слободно да се вклучат. Така, каде и да оди Маршот, локалните луѓе ќе можат да придонесат со нивната креативност во едно големо заедништво на повеќе активности.
Има место за се она што мечтата е спремна да зачне.
Можните канали на учество се многубројни и различни, вклучувајќи и виртуелно учество во Маршот преку Интернет.
Ова е марш за и од луѓето, со надежи дека ќе допре до најголем дел од светската популација. За таа цел ние бараме од сите медиуми да разгласат за ова патување околу светот за Мир и Не-насилство.
Што ќе се случи
Како што поминува низ градовите ќе има најразлични форуми, конференции и настани (спортски, културни, социјални и др.) што ќе бидат организирани според локалните иницијативи кои што ќе се појавуват.
Во моментот стотици проекти веќе се задвижени од страна на разни поединци и организации.
Кои се нашите цели
Да ја спречиме опасната ситуација во светот што не води се поблиску до нуклеарна војна, која што би била најголемата катастрофа во човековата историја - пат без враќање назад.
Да дадеме глас на мнозинството на светските граѓани кои што сакаат мир. Иако поголемиот дел од светските раси се спротивставуваат на трката во наоружување, ние не го испраќаме нашиот заеднички сигнал. Наместо тоа, дозволуваме да бидеме изманипулирани од моќното малцинство и да ги трпиме последиците. ДОјде време да застанеме заедно и да го покажеме нашиот отпор. Придружете се на мнозинството други во праќањето на јасен сигнал и твојот глас ќе мора да биде слушнат!
За да се постигне: светско истребување на нуклеарното оружје; итно повлекување на окупациските трупи од окупираните територии; прогресивно и пропорционално намалување на конвенционалните оружја; потпишување на договори за не-агресија помеѓу нациите и откажување од војната од страна на владите како начин на решавање на конфликтите.
Да се изложат на јавноста многу други начини на насилство (економско, расно, сексуално, религиозно...) кои што во моментот се прикриени и замаскирани од нивните применувачи; и да се најде начин за сите што трпат таков вид на насилство да бидат слушнати.
Да се создаде глобална освестеност - како што веќе се случи со климатските проблеми - за итната потреба да се осудат сите видови на насилство и да се дојде до вистински Мир.
Oсновачите на krivapalanka.info - ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС ДОО и krivapalanka.info се придружуваат на идеите на основачите на овој Марш на мирот и Ве повикуваат и Вас кои што истотака ќе се најдете блиски до овие идеи да ја потврдите Вашата поддршка на следниов линк
Во наредниот период можете преку испраќање на коментар или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите до нас да ни го кажете Вашето мислење како и да дадете предлог како Вие би се вклучиле во овој проект од светски размери.
























