Во Суботица е основан иницијативен одбор за основање на совет на Југословени, чија бројка во Србија изнесува 80 000, ова е објавено на интернет страната на РТВ Војводина. Еден од иницијаторите, новинарот Џорџе Драгојевиќ споменал дека во сите градови во Србија ќе бидат формирани одбори, со цел формирање на совет на Југословени, а нивниот јазик ќе биде српско- хрватски.За основање на национален совет потребни се 6000 потписи.Во име на одборот Драгојевиќ кажал дека ќе инсистира во пописот 2011 година да може граѓаните на Србија да се изјаснат како Југословени.Во Суботица веќе постојат одбори на Југословени, но потребно е формирање на национална заедница.Во тој град дејствува Југословенската Партија која има свои пратеници во Собранието и е формирана благодарение на југо- носталгичарот и претприемач Блашко Габрич.На пописот од 1970 година голем дел од хрватското малцинство одбива или се плаши да се изјасни за националната припадност.


















