
Пингпонгарките од ППК „Крива Паланка“ од Крива Паланка, по завршување на вториот плеј-оф, кој се одржа во Крива Паланка, на 13 јуни, станаа шампиони на Македонија во сениорска конкуренција.
Со предност од 4 бода пред второпласираната екипа на ППК „Градба промет“ од Кавадарци, тие ја одбранија титулата од минатата година и го освоија првото место во Државната прва лига во пинг-понг за сениорки, за сезоната 2009/2010 година.
За градот




















