Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 10 Sep 2010
Home За градот Цркви и Манастири Манастир на свети Никола - с. Псача

Манастир на свети Никола - с. Псача

Е-пошта Печати PDF
( 17 - user rating )

psacha2

На 3 километри од магистралниот пат што води од Куманово до Крива Паланка, високо во селото Псача, во живописната дабова и багремова шума сместена е црквата посветена на свети Никола чудотворец.

 

 

 

psacha1

Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор властелинот Влатко се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 година. Врз основа на зачуваните портрети на јужниот ѕид може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата.

 

 

 

ктиторите на манастиротЗа време на конзерваторските работи на оваа црква е утврдено дека натписот што се наоѓал над западната влезна врата е уништен во 1876 година бидејќи во него се спомнувале кралот Урош и Волкашин. Уништени се и натписите на овие владетели на нивните портрети на северниот ѕид.

 

 

 

 

 

psacha4

Црквата е во форма на впишан крст во правоаголно пространство со купола што се издига на четири столба и припрата, исто така со купола. Куполата над централниот дел била срушена, а црквата долго време била наполно откриена. Во недостиг на средства, црковните власти место купола направиле полукружен свод. Фасадите на црквата се профилирани и украсени со шари, изведени во керамопластика. На исток завршува со тристрана апсида. Изградена е од блокови со клепан камен, кршен камен и тули.


psacha5Живописот е од времето кога е градена црквата и спаѓа во редот на најдобрите зографски остварувања од македонското средновековно сликарство. Висока вредност имаат реалистичките портрети на ктиторите, севастократорот Влатко, татко му, кнезот Паскач и на нивните сопруги. Зачувани се и фрески од св. Јоаким Осоговски (од 1371 година), св. Меркуриј (со сигнатура на мечот), св. Климент (од 1366 година), како и св. Ахилеј, св. Дионисиј, св. Константин и Елена, св. Спиридон. Во олтарната апсида во цел раст се претставени св. Атанасиј Велики, св. Јован Златоуст, св. Григориј Богослов и св. Василиј Велики.

 

psacha6
psacha7
psacha9

 

psacha8
psacha10
psacha11

 

Текстот и сликите се превземени од веб страницата на Македонската Православна Црква

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 AM CEST на 10 Септември, 2010
Петок вечер/ноќ Сабота Сабота вечер/ноќ
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд



PoP: 30% PoP: 20% PoP: 30%

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160