Општина Крива Паланка според географската диспозиција е сместена во североисточниот дел на Р.Македонија, простирајќи се на надморска височина од 450м до 2.252м, (врвот Руен на Осоговските Планини). Општина Крива Паланка зафаќа појас на две гранични линии. На север граничи со Република Србија, а на североисток со Р.Бугарија. Низ неа со векови минувал значајниот патен правец кој го поврзува јужниот дел на Балканскиот Полуостров со Мала Азија, денес означен како кооридор Е-8.
Општина Крива Паланка зафаќа површина од 481 км2. Градското урбано подрачје е распострането на двата брега на Крива Река, и зафаќа вкупна површина од околу 330 хектари (Десен Брег-120 ха и Лев Брег-210 ха).
Крива Паланка претставува административен, економски и културен центар на општината. По својата положба, антропогеографски карактеристики, културно-историски развој и значење, тоа е град кој оставил забележливи траги во македонската историја и пошироко.
Општина Крива Паланка има 34 населени места и тоа: Б'с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, ГолемаЦрцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Крива Паланка, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, ПодржиКоњ, Станци, Тлминци, Трново и Узем. Собраќајно, Крива Паланка е поврзана на југозапад преку модерен пат со Куманово(64км) и со главниот град на Р.Македонија, Скопје(99км). На југ преку правецот ^атал, таа е поврзана со Кратово(45км), а кон североисток преку Деве Баир со Ќустендил (37км) во Р.Бугарија.
Соседни општини: Ранковце, Кратово, Кочани, Македонска Каменица
Автор: маг. Драган Величковски Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


















