Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 10 Sep 2010
Home За градот Градот денес Корисни информации

Корисни информации

Е-пошта Печати PDF
( 0 - user rating )
Хотел ТУРИСТ
Се наоѓа во центарот на градот и преставува Хотел од Б – категорија. Располага со 30 соби и 80 легла за спиење, како и ресторан за 250 гости, со добра акомодација, услуга и избор на јадења. Хотелот нуди можности за огранизирање симпозиуми, семинари и работилници во една од салите.
Контакт: 071 245 522
Мотел Македонија
Се наоѓа на километар од центарот на градот, на излезот кон патот за Бугарија, на местото каде што се спојува ул. “Маршал Тито” со магистралниот пат М2. Мотелот е од Б категорија. Располага со 14 соби и 30 легла за спиење, и ресторан за 300 гости.
Контакт: 071 245 522

Манастир Свети Јоаким Осоговски

Се наоѓа на три киломентри источно од центарот на градот. Располага со повеќе конаци за сместување на гости, со преку 120 легла, како и 6 апартмани, со централно греење за престој на гости во зимски услови. Во составот на манастирскиот комплекс работи и ресторан, со капацитет од 40 гости, со добра услуга и избор на јадења.

Контакт: 031 375 063

Парохиски Дом с.Трново

Се наоѓа на 15 километри источно од градот. Нуди услови за акомодација на гости. До домот води асфалтен пат, има електрична енергија, вода и бања. Погоден е за сместување на мали групи на туристи.

Контакт: 075 447 719

Старо школо с.Градец

Се наоѓа на 6 км од центарот на градот, во атарот на с.Градец. До школото води пристапен пат, во најголем дел асфалтиран. Располага со 6 соби вкупно 14 легла, како и со кујна и бања. Погоден е за сместување на поголеми групи на туристи.

Контакт: 071 267 480

Ловечка куќа

Ловечкото Друштво „Осогово“, нуди услови за сместување во сопствените ловечки куќи: „Калин Камен” и „Бела Вода” на Осоговските планини и „Билино” на планината Билино. До куќите води пристапен пат, во најголем дел асфалтиран, сите имаат електрична енергија и вода, и нудат добри услови за акомодација на гости. Погодни се за мали туристички групи.

Контакт: 070 464 075

Планинарски Дом

Планинарското Спортско Друштво “РУЕН” нуди услови за сместување во сопствените планинарски домови: “Калин Камен”, “Дренак” и “Сокол”, на Осоговските планини. До домовите води пристапен пат, во најголем дел асфалтиран, сите имаат електрична енергија и вода, и нудат солидни услови за акомодација на гости. Погодни се за сместување на мали туристички групи.

Контакт: 070 666 954

Автобуска Станица Крива Паланка

Меѓуградски Автобуски Линии:

  • Крива Паланка - Куманово - Скопје: 04:45, 06:00, 07:00, 09:30, 16:00
  • Крива Паланка - Кратово - Пробиштип - Штип - Радовиш - Струмица: 05:30, секој понеделник и петок.

телефон: +38931 375 033

Важни телефонски броеви

  • Општина Крива Паланка: 031 375 035
  • Туристички Информативен Центар: 031 372 140
  • Манастир Св. Јоаким Осоговски: 031 375 063
  • Центар за Култура: 031 375 533
  • Македонски Пошти: 031 375 002
  • Основен Суд - Крива Паланка: 031 375 322
  • J.П. Комуналец: 031 375 100
  • ЕВН преставништво во Крива Паланка: 031 375 052
  • Метеоролошка Станица: 031 375 109
  • Ј.П. Македонија Пат: 031 375 074
  • Полиција: 192
  • Противпожарна бригада: 193
  • Брза Помош: 194

Радио такси

  • Бон Тон: 1550
  • Малеш: 1551
  • Далфис: 1552
  • Дунa: 1560
  • Петка: 1553
  • Тони: 1555
  • Боби: 1557

ГРАДСКИ МУЗЕЈ

Формиран е во октомври 2006 година, како локална установа од областа на културата. Музејот е сместен во зградата Дом на АРМ, во центарот на градот. Музејот располага со постојана етнолошка поставка, библиотека, архива и едно стручно лице.

ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР (ТИЦ)

Формиран 2007 год. како институција за создавање на поволни услови за подршка на локалниот бизнис. Вклучувајки го и Кластерот за развој на туризмот во прекуграничниот регион Туристичкиот информативен центар е сместен во зградата Дом на армијата. Во наредниот период се очекува ТИЦ заедно со Кластерот да биде носител на основните активности околу промоција на Осоговскиот регион како туристички потенцијал и подршка на развојот на туризмот во Крива Паланка.

Адреса: ул.Маршал Титo бр.134
Контакт: 031 372 140
www.krivapalanka-tourism.gov.mk

ОУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“

Во 1944/45 година отпочнала со работа првата генерација на учители која го започнала благородното дело на едукација и просвета во Крива Паланка и Кривопаланечко. ОУ „Јоаким Крчовски “ има 9 подрачни училишта и тоа во: с.Дурачка Река, с.Станци, с.Луке, с.Огут, с.Нерав, с.Пдржикоњ, с.Дубровница, с.Узем, с.Жидилово со вкупен број на ученици 1.111 распоредени во 66 паралелки.

ОУ „ИЛИНДЕН“

Основано е во 1996 год. Во состав на училиштето се и подрачните училишта во с.Конопница, Мождивњак I и Мождивњак II со вкупен број на ученици 794 распоредени во 42 паралелки.

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во 1960/61 година институционално се поставени темелите на највисокиот институционален образовен облик во општината. Тогаш се запишани вкупно 97 ученика. Училиштето за средно образование, како гимназија работи се до 1982 год. кога со трансформацијата продолжува да работи по новиот концепт на средно насочено образование, до 1989 год. Од учебната 1991/92 год. повторно се воведува гимназиското образование (општа и природно математичка гимназија) и стручно образование (машинска и текстилна струка). Според овој концепт гимназијата од 13.09.1993 го носи името „Ѓорче Петров“ и работи до ден денес следејќи ги новите реформски зафати за да може успешно да одговори на современите предизвици што ги носи времето.

OУД „БОРО МЕНКОВ”

Во почетокот функционира како дом за деца без родители и деца на паднати борци. Подоцна со одлука на собранието на Општина Крива Паланка во 1964 год. почнува да работи како ученички дом, сместен во неспосредна близина на гимназијата. Конечниот изглед го добива 1984 год. Моментално во него се сместени 30 ученика од Општина Крива Паланка и Ранковце и околните села. Располага со сопствена библиотека и сите други услуги што одговараат на намената.

ЈОУГД „ИВО ЛОЛА РИБАР“

Формирана е во осумдесетите години, како една група со околу 25 деца. Денеска градинката располага со три објекти и вкупно 190 деца распоредени во 3 полудневни групи, 2 групи јасли, 4 групи на деца во градинка и една комбинирана со 25 деца.

Извор: www.krivapalanka-tourism.org.mk

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

 

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ 2010 - Несекојдневно и незаборавно доживување

Традиционално, како е секоја година предпоследни...

 

Џип Рели „Калин Камен“ 2010г.

Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод дено...

 

Првата македонска брендирана трекинг патека

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ -По патот на една...

 

Изложба на дела од циклусот “Порака“ на Роберт Цветковски

 

Фотогорафии на Ѓорѓи Костовски

Ви ги прикажуваме дел од фотографиите на фотогра...
sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 02:00 PM CEST на 10 Септември, 2010
Петок вечер/ноќ Сабота Сабота вечер/ноќ
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд



PoP: 30% PoP: 20% PoP: 30%

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160