Пингпонгарките од ППК „Крива Паланка“ од Крива Паланка, по завршување на вториот плеј оф, кој се одржа во нашиот град на 31 мај, станаа шампиони на Македонија во сениорска конкуренција.
Со само еден пораз и со предност од 4 бода пред второпласираната екипа на ППК „Градба промет“ од Кавадарци, тие го освоија првото место во Државната прва лига во пинг-понг за сениорки, за сезоната 2008/2009 година.
За тимот на ППК „Крива Паланка“ настапуваа Дијана Ристовска, Амелиа Уце, Моника Јакимовска и Христина Христовска, кои истовремено ги освоија и сите останати титули во пионерска, младинска и сениорска конкуренција, поединечно и екипно.
Во машка конкуренција во Државната супер лига, пингпонгарите на ППК „Крива Паланка“ го освоија третото место.
Информацијата е испратена од Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Секретар на ППК „Крива Паланка“.
Екипата на http://krivapalanka.info им ја честита титулата на младите пингпонгарки со желби за понатамошни уште поголеми успеси!



















