Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010

Историја

Е-пошта Печати PDF
( 15 - user rating )

Основањето на Крива Паланка датира од првата половина на XVII век, поточно во 1633 година, во времето на турската империја, кое нешто ни го потврдува еден историски документ – споменик, односно мермерна плоча, која што во тоа време се наоѓала на влезната порта на кривопаланечката тврдина, а денеска се наоѓа како музејски предмет во Музејот на Македонија.
Кривопаланечкото утврдување, кое било направено во тоа време, го следело текот на Крива Река, и десниот брег на Дурачка река, при што тврдината била обиколена од две страни со коритата на двете кривопаланечки реки. Стратегиски било поставено на тоа место, заради заштита на караваните и патниците кои што минувале низ теснините на значајниот магистрален пат, којшто во антиката го поврзувал Скупи со Пауталија, во среден век Скопје со Велбужд и подоцна Скопје со Софија.


Од тврдината подоцна се развива и градското јадро, најпрво со доселување на турско население , во двете најстари маала, Средна маала и Саат, а подоцна и Осичка маала . Во тоа време Турците го именувале градот  со името Егри Дере, подоцна Егридере Паланка, или Егри Паланка. Турците во тоа време го развиваат урбаниот живот на  градот. Се градат значајни објекти, покрај тврдината биле изградени и две џамии, амам, саат кула, била развиена чаршијата како и занаетите во нејзе.
Особено, биле равиени ковачкиот, налбатскиот железарскиот,  пушкарскиот занает, поради тоа што во близина на Крива Паланка била ископувана и преработувана железна руда.


Подоцнежниот развој на Крива Паланка, и историски тек, во следните XVII и XIX век  се однесува на сменетата слика на градот во овие векови. Веќе се сменила етничката слика. Се доселуваат голем број на македонски родови, од околните села, од околните поголеми места па и од подалечните. Се формираат новите христијански маала во градот, како што се Варош маала, Мишовска маала, Чука, Грнчарска маала. Од спроведениот турски попис во 1870 г., во Крива Паланка живееле 4352 жители, од кои 3252 христијани, а 1100 Турци, со 650 христијански, и 220 турски куќи.


Во градот оформува значаен христијански слој во градот, кој што во XIX век ја понел на своите плеќи преродбата и равојот на градот, во еден христијански и православен манир. Во ова време се оформува градскиот слој на богати македонски трговци и знаетчии кои што тргуваат надвор од отоманската империја и ги носат со себе во градот новите текови и новите идеи на XIX век.

Во овој период во Крива Паланка, делува и еден од првите македонски преродбеници Јоаким Крчовски, кој што со помош на локалните трговци, во 1814–1819, во Будим ги  печати своите познати пет книги, на жив народен говор. Крчовски не само што ја развил потребата од описменување, туку извршил и пресудно влијание за основаwе на црковно – келијно училиште во 1817 г. кое што било сместено во Енгеровата куќа, во чија близина подоцна со големо залагање на градските првенци и самиот ктитор Давид Јереј, во 1833 г. ќе биде изградена градската црква Свети Димитрија.


Како резултат на црковно–просветната дејност, во Крива Паланка, во уште во 1833 година дејствува црковно- епитропска општина, која во 1861 се трансформира во црковно – училишна општина, а веќе истата година ќе се самоуправува без официјално да се откаже од јурисдикцијата на скопскиот патријаршиски митрополит.


Духовниот и културниот идентитет на градот Крива Паланка и на кривопаланчани длабоко е поврзан со манастирот Свети Јоаким Осоговски. Историска задача на оваа генерација на паланчани биле напорите како  повторно да се изгради, манастирската црква посветена на Св. Јоаким која што била срушена во земјотресот во 1585 година. Централна фигура којашто ги понела овие работи бил трговецот Хаџи Стефан Бегликчија, кој имал влијание  во високите кругови на турската власт. За да издејствува дозвола за градеwе на манастирскиот храм тој побарал дозвола да изгради xамија. Откако ја изградил xамијата, добил дозвола за градење на храмот. Изградбата на храмот траела пет години 1847–1851, а неговата изградба била потпомогната од страна на трговците, занаетчиите и другите граѓани на Крива Паланка. Градителската работа му била доверена на еден од најпознатите градители на Балканот од тоа време Андреја Дамјанов.


Значењето на манастирот пред и после основањето на градот Крива Паланка, е несомнена како во однос на неговиот десетвековен духовен и културен континуум, така и во неговата улога на јадро околу кое ќе се развива, просветителтвото и преродбата. Во него делуваат плејада на истакнати преодбеници, творци, писатели, и духовници, меѓу кои за истакнување се неколкумината негови архимандрити: Аверикиј, Захариј, Кесариј, како и претходно споменатиот Јоаким Крчовски, кои што дале значаен придонес во културата, преродбата, па и во револуцијата на Македонците.


Развојот на Крива Паланка, онака како што нашите дедовци ни го прераскажувале, треба да се бара некаде по Првата светска војна, во 1919 -1920 година. Кога Крива Паланка за прв пат добива статус на Општина, во рамките на Вардарската Бановина на кралството СХС, го добива првиот домороден претседател (градоначалник), и го добива ликот кој што во голем дел го задржала и до ден денес. Во тие години, Крива Паланка добива неколку значајни објекти: Зградата на Општината, Официрскиот Дом, Училиштето Партизан, Старата Болница, и ја добива првата регулација на коритото на Крива Река на потегот од Осичка маала до Нумулија, а била започната и изградбата на првата електрична централа во североисточна Македонија, на Дурачка Река, но која што подоцна била прекината.


Развојот пак на Крива Паланка, онака како што ние денес ја познаваме, започнува по ослободувањето, кога е направен и најголемиот урбан и економски развој на градот, при што населението во градот се зголемило со миграцијата и денес изнесува околу 12 000 жители, а општината заедно со селките населби 20 800 жители, кога се развила индустријата, сообраќајот и инфраструктурата, биле изградени најначајните индустриски капацитети како Карпош, Тораница, Бентомак. Биле изградени двете нови Основни училишта, новата болница, Домот на културата, Гимназијата, голем број на станбени згради, како и индувидуални куќи, биле оформени нови населби, улици, патишта, при што денес Крива Паланка, е урбано место со свои квалитети и особеност.

Автор: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

 

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ 2010 - Несекојдневно и незаборавно доживување

Традиционално, како е секоја година предпоследни...

 

Џип Рели „Калин Камен“ 2010г.

Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод дено...

 

Првата македонска брендирана трекинг патека

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ -По патот на една...

 

Изложба на дела од циклусот “Порака“ на Роберт Цветковски

 

Фотогорафии на Ѓорѓи Костовски

Ви ги прикажуваме дел од фотографиите на фотогра...
sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160