
На петтата фестивалска вечер од меѓународниот летен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски 2009 година“, синоќа во Центарот за култура беше изведена комедијаta „Бакни ме“ на Општинскиот драмски театар од Ќустендил, Република Бугарија.
Автор на текстот е Ана Петрова, режијата е на Минчо Собев, а сеценографијата е дело на Ема Ванкова. Улогите во комедијата „Бакни ме“ ги толкуваа Бисер Малинов, Адриана Петрова, Александра Братанова, Асен Диков, Златко Митрески...
љ.с.
Фотографии на Ѓорѓи Костовски


















