
krivapalanka.info ...Заради тоа што обновувањето на еден народен обичај во село Конопница го предизвика вашето внимание, побаравме од иницијаторот, планинарскиот водач Стојанче Величковски, побаравме подетални информации за мотивот за обновувањето како и за можностите овој обичај да прерасне во туристичка манифестација.
ПОКЛОНЕНИЕТО НА СВЕТИ ТЕОДОР ТИРОН – ЌЕ БИДЕ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО РЕГИОНОТ!!!
33 години потоа, голема симболика, тоа се годините што го симболизираат воскреснувањето, случајна коинциденција или не, не сме сигугни во тоа, оценете сами, но сигурни сме дека навистина е тешко да се возобнови еден народен обичај кој е запоставен, дотолку повеќе ако се работи за традиција која се пренесува од „колено на колено“, мајка на ќерка или поточно од свекрва на снаа.
Иако скромно, симболично, обновениот обичај предизвика значителен интерес на општо задоволство на учесничките. Веќе од наредната година преку Општина Крива Паланка, Центарот за култура од Крива Паланка, месната заедница, месното население и свештенослужителите планираме овој обичај да прерасне во манифестација со многу поширок опфат на учесници и посеопфатна програма како туристичка атракција.
Редно беше, да направиме вистински чекор за зачувување на културната традиција, за што обврска имаме сите, не само директните учеснички (на кои уште еднаш им се заблагодарувам) затоа веќе работиме на потемелно прочување на сите аспекти на овој ритуал кој во себе не го содржи само вечно актуелниот сооднос снаа – свекрва туку во себе крие индивидуален психолошки однос кон заштитникот Теодор Тирон.
Самиот чин на поклонението на снаата, „асистирањето“ на свекрвата, несекојдневната публика на соборот во која редовно се како најблиските така и подалечните роднини на учесничките, нивните пријатели, соседи, како и сите присутни соборкати. Од друга страна автентичното изведување на овој ритуал со векови „испраќал порака“ за тоа учесничките како што се средината во која се живее, носијата која се носи, вештината и квалитетот на изработката, на везот, заткавот, плетенијата. Оттаму овој обичај имал многу посуптилна улога во етнолошка и социолошка смисла смисла. Па така, поклонението било вистинската пригода на која младите девојки можеле да ја одберат наубавата мостра за својата венчална носија и за грижливо сработените свадбени дарови од една страна додека за невестата од која биле барани мострите тоа било вистинската сатисфакција за квалитетот на нејзината работа.
Се разбира, дека од денешен аспект ова е одминато време, еден убав спомен за секојдневието на нашите мајки, баби, пра-баби..., свесни сме дека никогаш тоа време нема да се врати, но имаме обвска кон нашите деца, да ги зачуваме традиционалните обичаи, да побараме во старите ковчези дали останало нешто „во наследство“ од носиите со кои се гордееле нашите предци и барем еден ден во годината на Тодорица да се подсетиме на начинот на кој се живеело во едно „друго време“ без мобилни, LCD телевизори, интернет, facebook…
**********
**********
Повеќе информации за Поклонение на Свети Теодор Тирон 2010,
http://dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=B9A670E593D93745B0EEA8378C35CC6C&arc=1
***********
Ве замолуваме доколку во старите семејни фотографии, имате фотографија од тоа како изгледало изведувањето на овој обичај пред 33 години да ни се јавите.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


















