
Кратка историја на извидничкиот одред:
Во далечната 1959 година, група интелектуалци, љубители на скаутската организација, формираат групи составени од момчиња и девојчиња кои изведувале исти активности како и денешните членови: ориентација на непознато земјиште, топографија, сигнализација, подигање и спуштање на шатори, морзе, логорување во природа, ноќна ориентација... Овие неформални групи работеле со помош на предвојничката организација која била во состав на ЈНА од каде добивале технички и материјални средства и обучени кадри кои ги оспособувале групите.















