Триесет и петгодишниот David Jacob Ginnis удрил полицаец
само за да му се придружи на својот брат во затвор. Ginnis ја признал вината за напад на полицаец и е осуден на триесет дена затвор. Тој бил уапсен и оптужен за тепачка во понеделникот вечер во Fairbanks.
Полицијата вели дека David Jacob пришол пијан на полицаецот и барал да разговара со својот брат кој седел во полицискиот автомобил. По пет минути тој прашал дали може да му се придружи на својот брат во затворот ако притоа удри полицаец.
Полицаецот му рекол дека тоа за него нема добро да заврши, но сепак тој го удрил полицаецот.


















