
Истражувањето спореведено на универзитетот Бат во Велика Британија откри дека методата на откривање идентитет преку носот би можела да биде најефикасна.
Научниците, со новиот 3Д програм PhotoFace ги поделија носевите според обликот на врвот, профилот, ноздрите и подрачјето меѓу очите, па оттаму издвоија 6 главни типови на носеви, односно: римски, грчки, нубијски, орловски, прчест и подигнат нагоре.
„Носот е истакната карактеристка, а неговата употреба во биометриката е сосема неистражена. Ушите се детално истражени, кај очите е проучен ирисот, а носот е занемарен“, вели др. Адриан Еванс, водач на истражувањето и додава: „Носот е многу полесно да се фотографира и потешко се сокрива, па систем кој препознава носеви би можел да дава подобри резултати кога се во прашање личности кои не сакаат да соработуваат со полицијата или кога надзорни камери се користат како доказ“, пренесува БиБиСи.


















