
До сега, Microsoft немаше објавено податоци за продажбата на Windows 7, а сите информации кои се појавуваа беа на база на претпоставки. Питер Клајн, финансискот директор на софтверскиот гигант откри дека од лансирањето на Windows 7 до сега, продадени се 90 милиони копии.
Веста е објавена на Windows 7 Team блогот, а компанијата е задоволна од позитивниот прием на нивниот производ кај корисниците.


















