Додека некој се пали на медицински сестри, домашни помошнички или студентки, Јапонија ја зафати тотална манија за стјуардеси.
Оригиналната униформа на јапонските стјуардеси на црниот пазар е најбараната роба кога се во прашање фетиш-оделата. Иако бројните секс шопови продаваат имитации на ЈAL (Japan Airlines) униформата за стјуардеса, и понатаму најбаран е, нормално, оригиналот за кои поединци се подготвени да издвојат сосема солидни суми на пари.
За да се заштитат од кражби на униформите од страна на своите вработени, Јапонците планираат во секоја сукња, кошула, капа и сако да вградат GPS со помош на кој ќе се знае каде се наоѓа секоја униформа во секој момент.
Причини за грижа, имаат. Веќе неколку униформи се украдени, а посебно се истакнува случајот со една која беше понудена на интернет аукција за која JAL плати 200.000 јени (oколу 1.700 евра) само за да не дојде во погрешни раце


















