Заборавете на грижите и барем со мислите отпатувајте на прекрасни плажи и уште поубав пејзаж. Најновиот туристички водич - Фромеровиот „500 Extraordinary Islands“ ни ги претставува островите кои секако вреди да се посетат, а не би било лошо ни да се живее на некој од нив. Еве еден потесен избор на петте најинтересни од нив.
Бора Бора (Француска Полинезија)

Романтичниот рај на Земјата и популарно место за меден месец фасцинантно е заради извонредните природни убавини и луксузните сместувачки капацитети. Заради високите цени, на плажите на Бора Бора денес уживаат само богатите туристи.
Prince Edward Island (Канада)

Покрај прекрасното крајбрежие, островот го красат и фасцинантните заливи и историските рибарски села во кои туристите можат да се запознаат со гостопримливото локално население.
Малта

Прошетајте во кое било гратче на Малта и ќе добиете чувство дека се наоѓате во едно од архитектонски најпривлечните средишта на Европа. Малта е речиси совршена комбинација од Лондон, Париз и Рим, а на едно место можете одлично да се забавувате, да се одморите и да уживате во животот.
Isla Grande de Tierra del Fuego (Аргентина и Чиле)
Пред неколку векови единствени жители на островите во Јужна Америка беа Јахган индијанците. Со развојот на поморството островот стана отворен за посетитетлите, а 'ртот Добра надеж е една од најопишуваните локации во поморските книги.
Isle of Wight (Channel Islands, Англија)

Кралицата Викторија во 1845 почна да го посетува островот во текот на својот летен одмор. Нејзината традиција ја продолжија и бројни автори и писатели кои бараа инспирација во прекрасниот пејзаж.