Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Занимливости Општо Полека со овошјето

Полека со овошјето

Е-пошта Печати PDF
( 2 - user rating )

Јасни се позитивните страни на овошјето кое би требало да биде неизоставен дел од секојдневната исхрана. Но, она што е помалку познато едека и конзумирањето на овошје има свои “нус-ефекти“, особено ако се јаде без мерка.

Поради убедувањето дека овошјето нема “лоша“ страна, многу луѓе го јадат во огромни количини и со тоа се ставаат на ризик од здравствени проблеми, проблеми со вишокот килограми и расипување на забите. Па, ако имате проблеми со холестерол или дијабетис, премногу овошје може само да ви наштети. Исто така, претераното конзумирање на овошје може да објасни зошто некои луѓе, и покрај релативно здравиот начин на живот, таложат екстра килограми.

„Една од главните заблуди, односно она што луѓето најчесто го забораваат е фактот дека овошјето, како и секоја друга храна, содржи одреден број на калории кои можат да влијаат на зголемувањето на тежината“, објаснува др. Карол Ле Ру, консултант од Империал колеџот во Лондон.

Но, зголемувањето на килограми не е единствениот здравствен проблем поврзан со вишокот на фруктоза, која може да го зголеми нивото на триглицериди кои пак се поврзуваат со срцевите болести.

„На сите пациенти со зголемен холестерол им советуваме да бидат внимателни со овошјето, а исто и на дијабетичарите, затоа што високата концентрација на фруктоза може да го зголеми нивото на гликоза во крвта“, вели др. Ле Ру.

Се разбира, ова не значи дека се негираат позитивните страни кои конузмирањето на овошје без сомнеж ги има врз здравјето, туку само се нагласува потребата од умеренопст. А, колку овошје е “по мерка“?

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Колорадо, најдобро би било дневно да се конзумираат пет оброци од кои најмногу два би требало да бидат овошни. Исклучок од ова се луѓето кои имаат проблеми со срцето или со вишокот на килограми - тие би требало да се ограничат на една порција овошје дневно.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160