Информации од Крива Паланка и околината

Четврток, 29 Jul 2010
Home Занимливости Општо Среќен роденден Чак!

Среќен роденден Чак!

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

 

 

Холивудскиот акционен херој вчера го прослави 70-от роденден. Неговите мајсторски вештини и бројни подвизи во последниве години резултираа со куп "факти" за Чак Норис, па по повод неговиот 70-ти роденден да се потсетиме на некои од нив.

1. Календарот на Чак Норис не знае за 1-ви април. Никој не прави будала од Чак.

2. Чак Норис може да удави риба.

3. Чак Норис еднаш го каснала кобра по нога. По три дена макотрпни болки, кобрата умрела.

4. Додека сецка кромид, Чак не плаче. Кромидот плаче.

5. Духовите постојат затоа што Чак Норис убива побрзо отколку што смртта може да обработи.

6. Чак Норис не чита книги. Гледа во нив додека не ја добие потребната информација.

7. Чак Норис може да направи снешко од дожд.

8. Чак Норис не спие. Чак чека.

9.Чак Норис не оди на забар затоа што неговите заби не се кршат. Неговите непријатели не одат на забар затоа што немаат заби.

10. Гугл не го бара Чак Норис, затоа што знае дека доколку не го најдеш Чак, тој ќе те најде тебе.

11. Кога Баба Рога оди да си легне во спална, прво проверува да не се крие Чак Норис во нејзиниот плакар.

12. Чак Норис направи временска машина и се врати назад за да го спречи атентатот на Кенеди. Кога Освалд пукаше, Чак ги пресретна сите три куршуми со својата брада и ги одби а главата на ЏФК експлодираше од чисто одушевување.

13. Чак Норис спие со запалена ламба. Не зато што Чак Норис се плаши од темнината туку затоа што темнината се плаши од Чак Норис.

14. Во филмот "Враќање во иднината" колата на Чак Норис беше употребена за патување напред и назад во времето. Кога му ја вратија колата гребната Чак Норис неможеше да се воздржи да не му ја учука на Мајкл Џи Фокс што подоцна доведе до Паркинсонова болест.

15. Диносаурус еднаш го има погледнато попреку Чак Норис. ЕДНАШ.

16. Чак Норис еднаш беше на Марс. Од тогаш, на Марс нема знаци на живот.

17 Кога Чак Норис прави склекови тој уствари ја бута земјата надолу.

18. Чак Норис може да затвори ротирачка врата со треснување.

19. Дедо Мраз постоел се додека една Нова Година не заборавил да му однесе подарок на Чак Норис.

20. Чак Норис може да даде аплауз со една рака.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160